PharmaS е хрватска компанија за производство и продажба на фармацевтски производи основана кон крајот на 2008 година, а со RALU логистика, Favarger, LURA инвестиции и LURA недвижен имот, е една од фирмите-членки Лура група, која е целосно во сопственост од страна на успешниот хрватски бизнисмен Лука Рајиќ.

Компанијата произведува и дистрибуира висококвалитетни фармацевтски производи, генерички лекови на рецепт, и разновидни безрецептни фармацевтски производи. Редовното снабдување на пазарите со фармацевтски производи е обезбедена од две модерни фармацевтски фабрики во Хрватска во Поповача и во Србија во Зрењанин. PharmaS група, покрај на пазарите во Адриа регионот, е присутна и во голем број на пазари во Централна и Источна Европа како и на Блискиот и Далечниот Исток.

 

Квалитетот вграден во бизнисот обезбедува сигурност и задоволство на корисниците на нашите производи, односно на пациентите и препознатливост на нашата компанија како целина

 

Редовното снабдување на пазарот со фармацевтски производи го обезбедуваат две модерни фармацевтски фабрики во Хрватска (Поповача) и Србија (Зрењанин)

PharmaS редовно учествува на важни фармацевтски настани – од конгреси, конференции и саеми до различни едукации. Истовремено, компанијата организира и свои сопствени настани како што се предавања за новите производи за стручните лица, организирање предавања од еминентни експерти и како и посети на стручната јавност во објектите на компанијата

Визија

Нашата визија е да бидеме препознаени како реномирана фармацевтска компанија во Југоисточна Европа и сигурен партнер за здравствени системи во секоја држава.

 

Мисија

Подобрување на здравствените стандарди со сигурен квалитет и конкурентни производи во RX и CHC сегментот.

Адреса

ПхармаС Лекови Дооел.
Бул.8ми Септември бр.2/2-5
1000 Скопје
Р.Македонија

Телефон: +389 2 2550 350
ТелеФакс: +389 2 2550 351
Е-пошта: office@pharmas.mk